Лазарини: Состојбата во Појасот Газа достигна катастрофални размери

Луѓето доаѓаат во ОН да бараат заштита, но ниту синото знаме повеќе не е заштитено, изјави денеска генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини. Тој во објава на платформата Х оцени дека ситуацијата достигнала катастрофални размери.

Лазарини претходно предупреди дека хуманитарната ситуација во Појасот Газа доаѓа до точка од која нема враќање, повикувајќи на дополнителни средства, но исто така нагласи дека државите мора да најдат политичка волја да го прекинат конфликтот, пишува Гардијан.

„Ако не дејствуваме сега и не го запреме масакрот, тоа засекогаш ќе го наруши нашиот кредибилитет како претставници на меѓународната заедница и ќе поттикне бескрајни циклуси на насилство што на крајот ќе не обземат сите“, рече Лазарини во петокот.

УНRВА објави дека најмалку 133 нејзини работници биле убиени од нападот на Хамас на 7 октомври на Израел, но и дека имало повеќе од 100 инциденти во нејзините простории, од кои некои биле погодени.

Треба да знаете
Последни објави