Ренот ги зајакнува белите дробови и ги уништува бактериите

Рен е познат по својот лут вкус и мирис. Низ светот се користи илјадници години, најчесто како зачин, но и за медицински цели.

Овој корен содржи неколку соединенија кои го штитат здравјето и спречуваат сериозни болести. А бидејќи сме на средина на сезоната на вирусни и бактериски инфекции, рен треба да се консумира секојдневно бидејќи го потиснува воспалението и ги зајакнува белите дробови.

Познато е дека консумирањето рен предизвикува чувство на печење во синусите, носот и грлото. Поради оваа причина, често се користи за ублажување на настинки и проблеми со дишењето.

Една студија на над 1.500 испитаници покажа дека рен е речиси исто толку ефикасен во лекувањето на акутни синусни инфекции и бронхитис како и конвенционалните антибиотици. Затоа треба да се јаде превентивно.

И ако веќе имате респираторна инфекција, задолжително вклучете го ренот во вашата исхрана. Доволно е да јадете две до три лажички рен дневно. Алил изотиоцијанат, маслото што се ослободува кога се сече коренот на рен, може да има моќни антибактериски својства.

Студиите сугерираат дека може да се бори против низа опасни бактерии, вклучувајќи ги ешерихија, хеликобактер пилори и салмонела.

Рен има и диуретски својства, што значи дека помага да се стимулира мокрењето. Ова е важно за редовно исфрлање на токсините од телото. Ова исто така го промовира исфрлањето на бактериите од мочниот меур и уринарните канали.

Не е чудно што рен се консумира почесто во зима отколку во лето, бидејќи тогаш јадеме помрсна и покалорична храна. А за побрзо и полесно да се вари, ќе ни помогне ренот. Рен е дел од групата наречена холагози бидејќи го поттикнува жолчното кесе да ја ослободи жолчката, клучен аспект на дигестивниот процес.

Друга голема здравствена придобивка од ренот е тоа што, благодарение на споменатиот алил изотиоцијанат, го забрзува метаболизмот и со тоа промовира губење на тежината.

Треба да знаете
Последни објави