Гундоган: Загубивме поради наши гршки, но Жирона има кавлитет и не случајно е прва на табелата

Актуелниот шпански фудбалски правак Барселона за прв пат во својата клупскја историја загуби од Жирона, тим кој пред сезоната 2016/17 никогаш не настапувал во Ла Лигата. Во натпревар од 16. коло лидерот Жирона на „Монжуик“ како гостин ја победи Барселона со 4:2.

Жирона е без пораз во Ла Лига последните осум натпревари. Единствениот пораз во првенството го претрпе на 30 септември на средба со Реал Мадрид (0:3). По овој натпревар, Жирона со 41 бод се искачи на првото место, пред Реал со 39 бода. Барселона со 34 бода е на четвртото место.

Гермнаскиот репрезентативец од редовите на Барселона, Илкај Гундоган кој беше стрелец на единствениот гол за својот тим ги лоцира причините за неочекуваниот пораз.

-Загубивме поради наши грешки. Имавме дефанзивни проблеми. Колективно не се браневме како што треба. Тие подобро функционираа со топката под притисок. Имаат квалитет, имаа решение во многу ситуации. Има добра комуникација и не е случајност што се се први на табелата, вели Гундоган.

Треба да знаете
Последни објави