Шведскиот фудбалски интернационалец со босанско потекло гол-мајсторот Златан Ибрахимовиќ се огласи по најавите во италијанските медиуми дека се враќа во редовите на калчолигашот Милан, каде минатата сезона ја заврши играчката кариера. Ибра-гол ги потврди најавите за враќање на „Сан Сиро“ , но не како тренер како што беше највен во медиумите.
Нема да биде ниту врска помеѓу младинскиот и првиот тим, туку Ибра ќе биде советник на претседателот Гери Кардинале. Швеѓанецот (41 г.) ќе биде десна рака на Кардинале и неговата компанија „РедБирд“. Кардинале планира да ја прошири својата инвестиација, но фокусот да остане на спортот.
-Љубовта која ја имам кон Милан никогаш нема да исчезне. Враќањето во клубот е нешто кое го посакував и сега ќе се оствари. Ќе му помагам на Милан во сите области, изјави Ибрахимовиќ.
Ангажманот на Милан го потврди и Кардинале.
-Тоа што Златан го прави не е само физички талент, туку и голем интелект и претприемачки дух. Во РедБирд развивме партнерство со одбрана група на врни спортисти и уметници кои можат да донесат напредок, изјави Кардинале.