Во Хрватска се зголемува бројот на заболени од голема кашлица (Pertussis), повеќето се меѓу децата, па затоа се организираат пунктови за тестирање на инфекции, додека епидемиолозите се уште препорачуваат вакцинација како најдобра заштита.
Според евиденцијата на ХЗЈЗ, во Хрватска досега од голема кашлица се разболеле 2. 312 лица, најмногу во Загреб, а потоа и во Сплитско-далматинската жупанија.
Најголем број заболени се на возраст од 10 до 14 години. Експертите предупредија дека тоа е најголемиот број на заболени од голема кашлица во Хрватска во изминатите 40 години.
Тие, исто така, предупредија дека вакцинацијата против голема кашлица и други заразни болести и натаму е најефикасна заштита за новороденчињата и доенчињата, како и за постарите деца, што се спроведува според програмата за вакцинација, јави загрепската Н1.