Дејвид Гир: Вие сте Европа, целта за членството во ЕУ е реална и остварлива

„Вие сте Европа. Македонија е во срцето на Блаканот, географски и култуно и македонскиот јазик е рамноправен дел од културниот пејзаж во Европа. Повеќето македоски граѓани сакат да бидат дел од ЕУ – и ЕУ сака да бидете дел од неа, бидејќи ЕУ нема да биде целосна без вас“ рече Амбасадорт на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир преку видео обраќање на отворената трибина за граѓаните од кампањата „ Ние сме Европа’’ посветена на темата –енергетика во Куманово.

Гир рече дека денеска, фокусот е на енергијата. Енергијата исто така не поврзува. Отпорноста на енергетскиот секор станува се поважана со енергетската криза предизвикана од руската агресивна војна против Украина. Енергијата е исто така клучна во борбата против климатските промени, а обновливите извори се централен елемент во Европскиот зелен договор. Значи диверзификацијата на изворите на снабдување со енергија, преку намалување на зависноста од фосилните горива, станува задолжителна. Ширум Еу и овде во западен балкан. А ние играме централна улога во градењето на побезбедна посигурна, позелена енергетска иднина за оваа земја.

„Пријатели, патот кон Еу е еден од реформите. Спроведувањето на тие реформи бара единство и посветеност И постојани заложби да се осигура дека законите и политиките се применуваат. Но целта на членството е реална и остварлива. Членството во ЕУ ќе донесе практични и опиливи придобивки – кога станува збор за енергетска ефикасност, заштита на животна средина и подобрување на квалитетот на воздухот, кога станува збор за економска благостостојба и подобрувањето на животниот стандард’’ – рече Дејвид Гир.

Гир додаде дека во иднина Северна Македонија треба да биде уште еден позитивен пример за придобивките од проширувањето. Веруваме во големиот потенцијал на оваа земја и на македонските граѓани како дел од ЕУ!

Треба да знаете
Последни објави