Намирниците кои придонесуваат косата да расте побрзо

Доколку сакате вашата коса да расте побрзо и да биде бујна, постојат намирници кои се добри за раст на косата.

За да имате убава коса, без расцепени врвови, исхраната треба да биде урамнотежена, а протеините се суштинска група на намирници бидејќи косата се состои од протеински кератин, а аминокиселините како Л-цистеин и Л-лизин се исто така неопходни.

Од друга страна, строго рестриктивните диети се многу штетни за скалпот, па затоа треба добро да размислите пред да почнете да држите дијета.

Што треба да јадете за да го поттикнете растот и силата на косата? Тоа се намирници кои што содржат витамин Д, витамин Ц, фолна киселина, рибофлавин, биотин, железо, цинк, селен, антиоксиданси и омега-3 и омега-6 масни киселини и вклучуваат доволна количина на макронутриенти како што се протеини и здрави масти.

Најдобра храна за раст на косата:

Посно месо -пилешко и мисиркино; грашок и леќа; лиснат зеленчук; авокадо; јаткасти плодови; лосос; јајца; житарки; агруми; млеко, сирење и јогурт; пиперка.

Треба да знаете
Последни објави