Новата кампања на Зара предизвика бес и осуда на социјалните мрежи бидејќи употребата на статуи завиткани во бели чаршафи многумина ги потсети на ужасните сцени на страдање видени во Појасот Газа.
Шпанскиот бренд на своите официјални социјални мрежи сподели слики од најновата колекција на Zara Atelier со американската манекенка Кристен МекМенами.
Кампањата ја прикажува МекМенами како стои во соба со кукли покриени со бели чаршафи, сите опкружени со урнатини. Според описите, најновата линија на Зара е „колекција со ограничено издание“ која ја слави „посветеноста на занаетчиството и страста за уметничко изразување“ на брендот.
Социјалните мрежи сега се запалени бидејќи многу корисници го обвинуваат најпопуларниот бренд на компанијата Индитех, Зара дека го искористил геноцидот во Газа во својата рекламна кампања.
ZARA is mocking the Palestinians who are massacred by Israel pic.twitter.com/4ksUco5TIq
— Megatron (@Megatron_ron) December 10, 2023
Контроверзната кампања ги потсети лутите корисници на сликите на палестинското страдање во Газа и на Западниот Брег.
Корисниците на Инстаграм и Х кои тврдат дека рекламата неверојатно потсетува на сцените на страдањето во Газа каде ваквите сцени на тела завиткани во бели чаршафи станаа секојдневие.
Засега Зара нема понудено официјално соопштение за тие обвинувања.
По контроверзната реклама, многумина дури повикаа и на бојкот на нивниот омилен бренд.