Подготвени предлог измените на Изборниот законик

Работната група што ја формираше Министерството за правда ги подготви измените на Изборниот законик во кој се внесени препораките на ОБСЕ/ОДИХР.
Министерот за правда Кренар Лога го поддржува предлогот на  работната група , платеното политичко рекламирање да не биде повеќе на товар на државата.
Со оглед на тоа што на лидерска средба е договорено овој законик да оди во Собранието преку пратеници,  Министерството за правда ќе ја достави работната верзија до сите парламентарни политички партии. Одговорноста за донесувањето и содржината на Изборниот  законик ќе биде на пратениците во Собранието на РСМ.
Предлогот на Изборниот законик содржи 58 члена кои ќе придонесат кон зајакнување на улогата на институциите  одговорни за спроведување на одредбите од овој Законик.

Треба да знаете
Последни објави