Почина поранешен фудбалер на тетовска Шкендија на 34 години!

Лоши вести пристигнаа од Хрватска, каде на 34 годишна возраст починал поранешниот фудбалер на тетовска Шкендија Иван Челиковиќ.

За македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија настапуваше во 2017 и 2018 година и ја освои шампионската титула.

Покрај Шкендија тој играше и за Локомотива Загреб, Интер Запрешиќ, Солин и Конављанин каде ја заврши кариерата и продолжи да работи како тренер во академијата.

Треба да знаете
Последни објави