Претседателот на Владата Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денес, во 10, 30 часот ќе присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.
Како што соопштија од Владата, на настанот ќе се промовираат резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ – МАНУ во областа на персонализираната медицина“.