Фудбалскиот клуб Бешикташ отстрани пет играчи од тимот поради лоши игри, соопшти денеска турскиот клуб.
„Винсан Абубакар, Валентин Розиер, Ерик Баили, Рашид Газел и Жан Онана се отстранети од тимот поради лошите перформанси и некомпатибилноста со остатокот од тимот“, соопштија од клубот.
Новиот претседател на клубот Хасан Арат денеска изјави дека е подготвен да се раздели со некои од овие играчи во зимскиот преоден рок, „доколку се појават добри можности“.
„Наш главен приоритет е да изградиме подобар тим. Ќе ги пополниме дупките во нашиот тим за време на зимската пауза“, изјави Арат.
По 15. првенствено коло, Бешикташ е петти на табелата со 14 бода помалку од Фенербахче и Галатасарај.