Дронови наместо огномет за дочек на Нова година во Германија

Германскиот град Бад Салцуфлен ќе ја дочека Новата година со спектакл, но потивко и поеколошки од огномет – со 100 дронови.

Градските власти не откриваат точно како ќе изгледа новогодишната манифестација во Бад Салцуфлен, односно што точно ќе „цртаат“ дроновите на небото:

– Сакаме да ги изненадиме нашите гости – вели Феликс Клемајер од градската маркетинг служба, која е организатор на новогодишното шоу со дронови. Го открива само ова: ќе има одбројување, а симболите на градот ќе бидат видливи.

Нешто пред полноќ во воздух ќе летаат 100 дронови, а спектаклот ќе трае од 10 до 15 минути.

Дроновите да полетаат од зелените површини на бањскиот парк. Посетителите ќе стојат во близина на концертната сала со прекрасен поглед на небесниот спектакл, уживајќи во музика, храна и пијалок.

Од безбедносни причини, ниту еден дрон нема да лета директно над главите на речиси 5.000 посетители колку што се очекуваат да го следат настанот.

Спектаклот во боја можее да пропадне само поради временските услови. Ако има премногу дожд, премногу снег или премногу ветер, дроновите не можат да летаат.

Тоа е единствената изведба на урбани дрон за новогодишната ноќ во најнаселената провинција во Германија, Северна Рајна-Вестфалија.

Во споредба со огномет, дроновите се значително потивки и „барем подеднакво видливи“, истакнуваат од градската управа на Бад Салцуфлен.

Многу домашни миленици и диви животни страдаат од гласни петарди и ракети секоја година на новогодишната ноќ. Експлозијата на огномет предизвикува и високо ниво на загадување со ситна прашина на самиот почеток на Новата година.

Но, безбедносните грижи исто така играат значајна улога. Поради овие причини, голем број градови во Северна Рајна-Вестфалија имаат определено зони каде што е забранета употребата на петарди – една од нив е и Бад Салцуфлен.

Треба да знаете
Последни објави