По поразот на Милан од Аталанта во Бергамо (3:2) во 15. коло од италијанската фудбалска Серија А, тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли е се поблиску до излезната врата на „Сан Сиро“. Италијанските медиуми ја најавуваат неговата смена, а еден како од можните кандидати да седне на „жешкото столче“ изненадувачки се споменува името на довчерашниот играч, легендарниот шведски интеранционалец Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот би требало да почне тренерска кариера во тандем предводникот на младинците, Игнасио Абате.
Шведскиот голгетер со балканско потекло Ибра-гол на крајот од минатата сезона заврши со играта токму во Милан и се поврзуваше со продолжуѕвање со фудбалската активност како функционер во клубот од „Сан Сиро“.
Сега Ибра-гол според медиумите би можел да седне времено на клупата, а тоа во многу ќе зависи од следниот натпревар на Милан во Лигата на шампионите против англискиот Њукасл.