Ковачевски: Доколку ВМРО-ДПМНЕ не предложи свои министри во техничката влада се остава дамка на изборниот процес

Премиерот Димитар Ковачевски порача дека техничката влада е дефинирана согласно закон и точно се знае кој предлага министри, а ВМРО-ДПМНЕ има законска обврска да предложи министри и заменици во предвидените министерства, во спротивно, тоа ќе стави дамка на целиот изборен процес.

-Се дефинирано во законот за техничка Влада. Нема импровизации во тој дел. МВР, МТСП, кои заменици министри стануваат дополнителни… Таму е точно наведено. Доколку почнеме да навлегуваме во процеси на импровизирање, тогаш веќе се става дамка на целиот процес, истакна Ковачевски.

Се работи за влада која треба технички да ги подготви изборите, рече Ковачевски.

-Тоа е законска обврска. Како што е законска обврска на 100 дена пред одржување на изборите, претседателот на владата да поднесе оставка, што јас ќе исполнам оваа законска обврска исто како претходните премиери што ја исполниле законската обврска. Така и ВМРО-ДПМНЕ треба да предложи свои кадри и да ја исполни законската обврска. Ако не го стори тоа, ќе фрли дамка врз изборите, посочи Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави