Сите информации кои МВР ги поседува за грозоморните убиства на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои ќе бидат опфатени и активностите и мерките кои ги презеле полицијата и другите безбедносни служби поврзани со овој случај да се достават во Собранието, побара пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на собраниската седница на Комисијата за одбрана и безбедност.
Овој предлог комиисјата го прифати и го задолжи министерот Спасовски во рок од 15 дена да ги достави информациите. Трајанов вели целта на барањето е во Парламетнот да се разговара дали имало пропусти при постапувањето и доколку тоа се утврди да биде побарана и политичка одговорност.
-Во време кога сите практично жалиме што тоа се случи и имаме колективна траума во државата претседателот на Владата секојдневно го користи овој случај за дискредитација на политички партии, на носители на функции и се разбира првенствено ја напаѓа опозицијата. Предложив на комисијата да се направи посеопфатана анализа, хронологија на случувањта, презмените мерки и сознанија од страна на МВР и другите служби за безбедност дали функционира тој систем или има слабости, изјави Павле Трајанов – пратеник и претседател на Демократски сојуз.