Лоши вести пристигнаа од Хрватска, каде на 34 годишна возраст починал поранешниот фудбалер на тетовска Шкендија Иван Челиковиќ.
За македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија настапуваше во 2017 и 2018 година и ја освои шампионската титула.
Покрај Шкендија тој играше и за Локомотива Загреб, Интер Запрешиќ, Солин и Конављанин каде ја заврши кариерата и продолжи да работи како тренер во академијата.