Туск: Приоритет на полската влада е да ги убеди светските лидери да продолжат да му помагаат на Киев

Новиот полски премиер Доналд Туск денеска изјави дека неговата влада ќе работи да ги убеди светските лидери дека е неопходно да се продолжи со пружањето помош за Украина и дека тоа ќе биде приоритет на владата бидејќи, како што наведе, тоа е во интерес на слободните светот.

Туск рече дека е болно за него да слушне дека украинскиот претседател Володимир Зеленски мора да продолжи да се обидува да ги убедува светските лидери за потребата да продолжат да ја поддржуваат борбата на Украина против руската агресија.

Тој тврди дека Полска ќе постигне лидерска позиција во Европа и ќе биде силен дел од НАТО.

Треба да знаете
Последни објави