Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска соопшти дека е загрижен што веќе седум дена нема информации за водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор.
„Крајно загрижувачки се информациите за Навални, кој седум дена се води како исчезнат. За неговата безбедност и здравје во затвор е одговорно руското политичко раководство и тие ќе одговараат.
ЕУ бара тој веднаш и безусловно да биде ослободен и затоа што е затворен од политички причини“, изјави Борел на платформата Х (Твитер).
Кремљ денеска соопшти дека немаат намера, ниту можност, да го следат издржувањето на затворската казна на опозицискиот лидер Алексеј Навални.



