Манчестер Јунајтед не сака да го продолжи договорот со Антонио Марсијал

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед одлучи да не го продолжи договорот со францускиот напаѓач Антонио Марсијал, пренесува британски Сан.

Марсијал (28) е член на Манчестер Јунајтед од 2015 година, а претходно играше за Монако и Лион.
Францускиот фудбалер во последните две сезони го загуби местото во стартниот состав на „црвените ѓаволи“ поради проблеми со повреди и лошата форма. Тој има договор со клубот од Олд Трафорд до крајот на сезоната, но челниците на Манчестер Јунајтед не планираат да ја продолжат соработката со Марсијал за да обезбедат пари за засилувања во летото 2024 година.

Марсијал оваа сезона одигра 19 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна два гола.

Од 2015 до 2021 година за француската репрезентација настапи на 30 натпревари и двапати се запиша во листата на стрелци.

Треба да знаете
Последни објави