Македонскиот фудбалска надеж, голманот Дејан Илиев (28 г.) кој уште како талентиран тинејџер се најде во редовите на англискиот Арсенал, денеска стави потпис на договор со Сараево. Вчера финскиот тим Хелсинки ја потврди разделбата со Илиев, а денеска Сараево објави дека потпишал со повремениот македонски репрезентативен чувар на мрежата.
-Голманската надеж на Арсенал, Дејан Илиев ја засили конкуренцијата на голманската позиција во првиот тим на ФК Сараево“, стои во соопштението на босанскиот клуб.
Договорот е со трајност до крајот на сезоната со можност да биде продолжен на уште две години.
-Кошево е мојот нов дом! Исклучителна чест и одговорност е да се биде дел од „бордо“ семејството. Сараево нема да те изневерам и ќе го оставам срцето на терен, порача на промоцијата Илиев.
Од 2012 до 2022 година Илиев беше дел од англискиот гигант Арсенал, но не доби шанса ниту еднаш да застане на голот на ниту еден официјален меч за првиот тим на „топчиите“, па играше на позајмица во Серед, Јагелонија, Шрусбери и Серед, а по разделбата со лондонскиот клуб се пресели во Тренчин.



