Популарната серија на Нетфликс „Stranger Things“ се враќа на снимањето на својата петта и последна сезона во јануари 2024 година.
Како што велат изворите за Deadline, по прекинатите подготовки поради холивудските штрајкови, се очекува продукцијата на последната сезона од серијата да продолжи на почетокот на јануари следната година.
Сепак, се уште не е познат точниот датум на снимањето, бидејќи подготовките се уште траат. Но се очекува снимањето најверојатно да започне на 5-ти или 8-ми јануари. Улогите веќе се во Атланта, каде се снима серијата, бидејќи работат на подготовките, но таканаречените читања на маса се закажани за јануари.
Инаку, сценаријата се завршени и нивните подготовки за петтата сезона започнаа веќе оваа година, но беа прекинати во мај поради познати причини – холивудските штрајкови. Еден од главните актери на серијата, Дејвид Харбор, претходно изјави за медиумите дека добил повик за започнување со продукција веднаш откако SAG-AFTRA и студијата постигнале пробен договор на 8 ноември за прекин на штрајкот. За потсетување, во главната екипа на серијата „Stranger Things“ се и Винона Рајдер, Фин Волфхард, Мили Боби Браун, Гејтен Матарацо, Кејлеб Меклафлин, Наталија Даер и Чарли Хитон.
Браќата и креаторите на сериите Мет и Рос Дафер минатата година изјавија дека ликовите ќе бидат во акција и дека последната сезона ќе биде поинаква. Додадоа и дека минатата сезона ќе биде значително подолга од претходните.



