Вархељи: Подготвени сме побрзо да го интегрираме Балканот

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархељи изјави дека Брисел е подготвен да го забрза интегративниот процес на балканскиот регион.

-По Самитот во Тирана 2022 година, лидерите на Западен Балкан и ЕУ се среќаваат во Брисел. Како Европска комисија – подготвени сме да го забрземе процесот и побрзо да ги интегрираме шесте земји од Западен Балкан. Тие се веќе дел од семејството на ЕУ, објави Вархељи на „Твитер“.

Лидерите на ЕУ и балканските земји денеска ќе се сретнат во Брисел, соопштија од Европскиот совет.

Самитот ќе биде можност да се потврди европската перспектива на Балканот, како и потребата од одржливи и неповратни достигнувања на полето на реформите засновани на вредностите и принципите на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави