Грчкиот тренер Димитрис Итудис ја напушти клупата на Фенербахче, пренесува „СДНА“. Резултатите кои не беа во согласност со очекувањата на раководството на турскиот гигант доведоа до разделба со реномираниот стручњак.
Капката која ја прели чашата беше поразот во понеделникот, во турското дерби од десеткуваниот Анадолу Ефес.
Во Евролигата, Фенербахче со скор 6-7 се наоѓа на 12.место, додека во Турција тимот се наоѓа на четвртата позиција, со ист скор како Каршијака и Бешикташ кои се на второто и третото место.
Итудис на клупата на Фенербахче седи од јуни минатата година, по разделбата со ЦСКА Москва, кога потпишв договор на три сезони.