Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Со СДСМ младите добиваат повеќе. Преку последниот 9-ти пакет антикризни мерки обезбедивме поддршка за 105.000 млади лица, ученици од основно и средно образование, чии семејства имаат ниски примање до 50.000 денари месечни приходи за период од 6 месеци, до завршување на школската година, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски, денеска на трибината „Повеќе за сите“ во Велес.
-По 1.200 денари месечно до завршување на школската година добиваат 70.000 учениси од основно училиште. Тоа се вкупно 7.200 денари по ученик. Исто така, по 1.800 денари месечно добиваат 35.000 ученици од средно училиште. Тоа се вкупно 10.800 денари за 6 месеци. Повеќе за сите ја покажува нашата грижа за младите, за учениците, за сите, рече Михаилоски.
Тој додаде дека во пакетот мерки вредни 662 милиони евра обезбедни се ваучери за превоз за 15.000 студенти во вредност од 600 до 1.200 денари.
Почнувајќи од следниот семестар, субвенционираниот студентски оброк ќе се плаќа неделно, со што студентите ќе имаат на располагање по 840 денари секоја недела – средства што се добредојдени за студентите, рече Марко Михаилоски, претседател на СДММ денеска во Велес.