Испуканите петици се јавуваат поради недоволна грижа, но и поради начинот на кој одите, а влијаат и чевлите. Тие особено пукаат во летните месеци кога се носат сандали или апостолки. Затоа е важно во зимските месеци да се негуваат и санираат пукнатините.
Затоа ви претставуваме неколку домашни рецепти кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем.
1. Лимон
Лимонот е одлично средство за отстранување на грубата кожа од петиците поради неговата силна киселина.
Исцедете еден или два лимони (во зависност од големината) и измешајте го сокот со вода – колку да ги натопите цели стапала. Чувајте ги потопени околу 15 минути. Исплакнете ги стапалата со млака вода и исушете ги со крпа.
2. Банани
Покрај лимоните и бананите успешно ја третираат сувата и испукана кожа на петиците.
Изгмечете една банана и премачкајте ја мазната смеса на вашите петици. Оставете ја да отстои 15 минути и потоа исплакнете со млака вода. Откако ќе ги исплакнете, потопете ги стапалата во ладна вода две минути. Нанесете ја оваа маска на вашите петици неколку пати во неделата и ќе видите резултати многу брзо.
3. Оризово брашно
Веројатно до сега не сте знаеле дека оризовото брашно се користи и за третмани на стапала кога станува збор за груба кожа. Со специјални состојки ќе добиете одлична маска за пилинг и хранење која ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе им даде на вашите стапала мекост и сјај.
Измешајте јаболков оцет, мед и оризовото брашно и мешајте додека состојките да се соединат и додека не добиете некаква паста. Пред да ја нанесете смесата, потопете ги стапалата во топла вода 10 минути, а потоа нанесете дебел слој од добиената смеса и нежно (но добро) втријте ја во петите. Исплакнете со топла вода.
4. Мед
Покрај повеќекратните функции, медот се користи и како одличен препарат за нега на стапалата.
Едноставно измешајте три лажици мед со топла вода и потопете ги стапалата во неа 20 минути. Добар резултат и меки потпетици се загарантирани.
5. Глицерин и розова вода
Глицеринот, како што знаете, има големи позитивни ефекти на кожата, а во комбинација со розова вода е вистинска бомба за петиците! Розовата вода е богата со витамини А, Ц, Д и Е кои ја регенерираат кожата, додека глицеринот ја омекнува кожата. Оваа смеса има антибактериски својства, па одлична е и ако имате лош мирис на стапалата или проблем со габи.
Ставете ја оваа смеса на стапалата пред спиење и облечете чорапи. Во утринските часови, стапалата ќе бидат целосно обновени. Розова вода можете да купите во аптека, но можете и сами да ја направите на следниот начин:
Извадете ги ливчињата од розите и измијте ги, па ставете ги во мало тенџере. Прелијте ги со две чаши зовриена вода и оставете да отстои додека водата не се излади на собна температура. Процедете ја водата со цедалка во стаклениот сад што сте го подготвиле и готово!