Во партнерство со Caring Family Foundation, Annabel’s, приватен клуб во Лондон, уникатно ја украси својата фасада . Централниот балон со топол воздух има три ката и ја симболизира надежта и способноста на човештвото да се издигне над своите предизвици.
Оксфорд Стрит (Лондон )
Оксфорд Стрит во Лондон е опкружена со некои од најдобрите шопинг места во градот – тоа е идеално место за наоѓање подароци за вашите најмили . Новогодишните светилки што трепкаат над улицата само ја надополнуваат магијата и со сигурност ќе ве обземе празничната еуфорија.
Петтата авенија (Њујорк)
Секоја година, Saks Fifth Avenue прикажува уникатно божиќно светлосно шоу на фасадата на главната продавница во Њујорк. Овогодинешната декорација е во партнерство со Диор. Џиновската бронзена сфера содржи различни мотиви на тема Диор, како и хороскопски симболи. Уште подобро, ова се наоѓа веднаш од другата страна на улицата од најпознатата божиќна атракција во Њујорк: елката Рокфелер.
Calle Marques de Larios (Малага, Шпанија)
Најпознатата шопинг улица во Малага, Calle Marques de Larios, блеска во празнично светло секоја година. Овој пат, градот создаде патека која изгледа како да е од кралски замок. Многу од зградите долж иконскиот пат беа дизајнирани од шпанскиот архитект Хозе Марија де Санча.
Дајкер Хајтс (Бруклин, Њујорк)
Изгледа дека жителите на Дајкер Хајтс во Бруклин, Њујорк, воопшто не штедат кога станува збор за празничното украсување. Прекрасни семејни куќи чии празнични фасади блескаат се децениска традиција во соседството, нудејќи бесплатен празничен спектакл за сите кои живеат во овие населби.
Silver Dollar City (Бренсон, Мисури)
Silver Dollar City – забавен парк во Бренсон, Мисури, користи над 6,5 милиони светилки за осветлување на божиќниот фестивал . На главниот плоштад, гостите ќе имаат можност да ја видат најунактната декорација – елка од 80 метри.
Улица Колмаркт (Виена, Австрија)
За време на новогодишните празници Виена има посебна магија. Улицата Колмаркт нуди незаборавно искуство покрај многуте божиќни светла. Светлечките декорации додаваат топол сјај на луксузната шопинг авенија.
Parques del Rio (Меделин, Колумбија)
Кога станува збор за новогодишно украсување , во Меделин се обрнува посебно внимание, а фестивалот познат како Алумбрадос кој постои веќе 56 години само го потврдува тоа. Со празнични настани и останати програми што се случуваат низ градот, Меделин е примамлив за многу туристи. Оваа година, градот ја слави 100-годишнината на Дизни со 14 различни ликови изложени покрај реката во Парк дел Рио.
Баварско село (Ливенворт, Вашингтон)
Во текот на 60-тите, во малиот град Левенворт во Вашингтон биле направени измени со цел градчето да се трансформира во нешто што ќе личи на баварско село. Предводена од двајца локални бизнисмени, оваа иницијатива е начин за промовирање на туризмот во северозападниот град на Пацификот. За време на празниците, централното градско подрачје се претвора во Божиќен град и вклучува различни активности поврзани со празниците.
Luci d’Artista (Салерно, Италија)
Годишниот празничен фестивал во Салерно, Luci d’Artista, му ја донесе на градот титулата главен град на божиќните светла во јужна Италија. Веќе 18 години по ред , оваа прослава вклучува светлечки декорации низ главната улица, градските градини и главниот плоштад. За време на прошетките оваа година, посетителите ќе можат да уживаат во аранжмани инспирирани од медузи, пеперутки и поларни мечки.
Сината пештера Шибуја (Токио, Јапонија)
Празничните светла красат многу локации во Токио . Меѓу најпопуларните е Сината пештера Шибуја, која има над 770.000 светилки нанижани покрај дрвјата помеѓу Шибуја Коен Дори и паркот Јојоги. Годинава ќе има и маркет на кој ќе се продаваат празнични подароци.