Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси најави покачување на цената на електричната енергија за 27%, доколку се прифатат барањата од сите засегнати страни кои учествуваат во формирање на цената.
Конечната одлука ќе се знае до крајот на годината, за колку ќе се покачи цената на струјата, но најава е и воведувањето на нова давачка за сите кои имаат две или повеќе недвижнини. Според експертите, за некоја година ќе запре и субвеницонирањето од страна на државата па ќе се случи цената на електричната енергија да порасне и повеќе преку ноќ.
Како решение на овој проблем се нудат енергетските задруги кои служат како заштитен механизам од покачувањето на цената на струјата. Според искуствата во моментов, Австрија има развиено целосен модел со кој се предвидува до 2040 година еден регион да биде целосно независен од електрична енергија, односно граѓаните сами да си ја произведуваат и ја користат во текот на цел ден. Системот се базира на комплетно решение на производство на струја.
Согласно директивите на ЕУ од 2021 година, енергетската независнот и намалувањето на загадувањето се главна цел во периодот што следува, а според истите се форисра и формирањето на енергетски задруги.
Во Македонија во октомври е донесен новиот закон за енергија, каде што се предвидени и енергетските задруги како посебен сегмент.
Во проектот за Соларна енергија во која партнери се Хрватска, Македонија, Бугарија и Грција, се дискутираше на оваа тема во Скопје.
Како примери беа посочени Хрватска, Австрија и Италија. Во Хрватска веќе постои „ЗЕС“ Зелена енергетска задруга, која инсистира на поставување на фотоволтаични панели за производство, продажба и лично користење на струјата. Во Италија веќе подолго време функционираат вакви задруги и речиси целиот полуостров е покриен со фотоволтаици за производство на струја, а Австрија е лидер на ова поле, бидејќи цел регион во Австрија е енергетски независен, во сегментот на затоплување.
Игор Мицкоски