Расел Кроу неодамна потврди дека нема да биде во продолжението на култниот филм „Гладијатор 2“, а сите ги изненади со изјавата дека размислува да се повлече од актерството.
Актерот истакна дека е уморен да ги добива истите прашања за филм во кој нема ни да биде.
– Треба да ми платат за сите прашања што ги добивам за филм во кој не ни учествувам – рече тој, а потоа додаде:
– Тоа нема никаква врска со мене. Ова е светот во кој сум мртов, шест метри под земја. Само треба да признаам дека ми се допаѓа љубомората што малку ја чувствувам, ме потсетува на периодот кога бев помлад и што ми значеше.
– Не знам ништо за актери и сцени. Како што кажав, мртов сум. Но, ако Ридли решил да го направи вториот дел по 20 години, тој сигурно има силни причини, а нема сомнеж дека ќе биде спектакуларно – додаде актерот.
Бидејќи актерот наскоро ќе наполни 60 години, тој истакна дека размислува за пензија.
– Стоите пред огледалото и се прашувате „кој е ова по ѓаволите? Моментално сум во тој период. Ќе го прифатам Ридли Скот како мој модел, тој се уште открива нови работи во нашиот бизнис. Постои можност само да исчезнам од оваа работа и никогаш повеќе нема да слушнете од мене. Се уште не сум одлучил што ќе се случи, има две големи опции – откри тој, пишува Variety.