Сијарто: Мора да постои јасна разлика меѓу бегалци и илегални мигранти

Меѓународната заедница треба јасно да стави до знаење дека постои недвосмислена разлика меѓу бегалци и илегални мигранти и да се однесува во согласност со тоа, изјави денеска во Женева унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто на пленарната сесија на Глобалниот форум за бегалци рече дека Унгарија е под двоен притисок, од исток поради војната во Украина и од југ поради сериозниот предизвик за заштита на надворешната граница на ЕУ од насоката на моментално најпрометната миграциската рута од Западен Балкан, соопшти Министерството за надворешни работи, пренесе унгарска новинска агенција.

„Меѓународното право јасно наведува дека луѓето кои се принудени да ја напуштат земјата имаат право да останат привремено во првата безбедна земја во која ќе влезат, но немаат право да поминат низ неколку безбедни земји за да стигнат до дестинација по сопствен избор“, додаде Сијарто.

Треба да знаете
Последни објави