Кинеската апликација ТикТокзаработи 10 милијарди долари од корисниците на глобално ниво и е на пат да стане апликација со најголема заработка во историјата, според најновиот извештај на data.ai.
„ТикТок ќе се приближи до 15 милијарди долари приход во 2024 година. Корисниците трошат преку 11 милиони долари дневно за поддршка на нивните омилени создавачи на содржини“, рече претставникот на data.ai, Лекси Сидоу, објави Си-Ен-Ен.
Таа очекува корисниците на ТикТок да поминуваат 40 часа месечно на апликацијата, што е зголемување од 22 отсто во однос на тековната година.
ТикТок заработува пари од „Монетите“ на апликацијата кои корисниците можат да ги користат за да купуваат подароци за инфлуенсерите на платформата, а кинеската апликација задржува 50 проценти од уплатата.
Оваа година, корисниците најчесто го купуваа пакетот со 1.321 монети за 19,99 долари, а тие купувања претставуваат 25 отсто од сите приходи на ТикТок во апликацијата.
Кинеската компанија има и други извори на приход, како што се рекламирање и онлајн трговија.
Апликацијата за состаноци Tinder и платформата YouTube се поблиску до 10 милијарди долари приход, но зад ТикТок за 2-3 милијарди долари.