Мелони: Италија може да стави вето за да спречи усвојување на нови фискални правила

Италија би можела да го искористи ветото за да го спречи усвојувањето на новите фискални правила на ЕУ, изјави денеска италијанскиот премиер Џорџо Мелони.

Пактот за стабилност и раст на ЕУ беше суспендиран во 2020 година поради пандемијата на корона и треба да стапи на сила во изменета верзија следната година, при што Италија се залага за поблаги мерки, за разлика од другите членки кои се за строга дисциплина.

„Не исклучувам ниту една опција, мислам дека треба да оцениме што е најдобро за Италија“, рече Мелони во парламентот, наведувајќи дека најдобро е да се вратиме на претходните параметри доколку не може да се постигне нов договор.

Треба да знаете
Последни објави