Оскаровецот Кевин Спејси планира да се врати на филмското платно

Откако беше ослободен од обвиненијата за сексуален напад, оскаровецот Кевин Спејси планира враќање на големото платно – но со нискобуџетни филмови.

Кевин Спејси моментално се обидува да отвори ново поглавје во својата кариера, која доживеа голем неуспех откако беше обвинет за повеќекратни сексуални напади во екот на кампањата #MeToo.

Тој беше отфрлен од неговиот агент во Холивуд и неговиот публицист, како и продуцентите на хит-серијата на Нетфликс „House of Cards“ во која играше една од главните улоги.

Нетфликс го замрзна и проектот „Гор Видал“, биографски филм во кој Спејси го игра починатиот американски романсиер и политички бунтовник. Снимањето на тој филм е завршено само неколку недели пред да се појават првите обвинувања.

Треба да знаете
Последни објави