Српскиот министер за економија тврди дека државата привлекла 30 милијарди евра инвестиции од 2012 година досега

Србија од 2012 година до крајот на минатата година привлекла повеќе од 30 милијарди евра странски директни инвестиции, што е повеќе од вкупниот прилив во земјите од Западен Балкан, твди министерот за економија на Србија, Слободан Цветковиќ.

-Вкупните странски директни инвестиции во Србија минатата година изнесуваа 4,4 милијарди евра, а годинава се очекува да бидат уште поголеми, рече тој на конференцијата „Светот во 2024 година“.

Тој истакна дека Министерството за економија во моментов реализира повеќегодишни инвестициски зафати за изградба на нови фабрики, како и проширување на постоечките производствени капацитети, што, како што рече, ќе доведе до зголемување на бројот на вработени.

Треба да знаете
Последни објави