Тесла повлекува повеќе од два милиони возила поради неисправен систем за предупредување

Тесла повлекува повеќе од два милиони возила за да го поправи неисправниот систем кој ги предупредува возачите кога користат режим на автопилот.

Оваа информација денеска ја објави американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата, која додаде дека Тесла ќе го ажурира софтверот за да го реши овој проблем.

По двегодишна истрага, американскиот регулатор откри дека системот на Тесла за предупредување на возачите да внимаваат кога го користат режимот за автоматска контрола на возилото е несоодветен и може да се злоупотреби.

Повлекувањето ги опфаќа речиси сите возила што Тесла ги продаде во САД откако ја активираше функцијата автопилот на крајот на 2015 година и се однесува на сите модели на овој производител.

Застапниците за безбедност во сообраќајот со години бараат построго регулирање на системот за следење на возачите во автомобилите, кој главно проверува дали рацете на возачот се на воланот.

Независните тестови открија дека системот за надзор е лесно да се измами.

Возачите на Тесла на автопилот се фатени како возат пијани или седат на задното седиште.

Треба да знаете
Последни објави