Американските федерални вработени треба да изнајмуваат електрични возила или да се одлучат за железнички превоз кога тоа е изводливо при владини патувања заради намалување на емисиите на стакленички гасови, соопшти денеска Белата куќа.
Во 2022 година, вработените во американската влада потрошиле 2,8 милијарди долари на службени патувања, на повеќе од 2,8 милиони летови, 2,3 милиони изнајмени автомобили и 33.000 железнички патувања.
Федералните патувања сочинуваат 1,8 отсто од федералните емисии на стакленички гасови, соопшти Белата куќа.
„Федералната влада ќе заштеди пари на даночните обврзници, ќе ги намали емисиите, ќе ја зајакне нашата растечка индустрија за електрични возила и ќе создаде добро платени работни места во синдикатот“, рече претседателката на Советот на Белата куќа за квалитет на животната средина, Бренда Мелрој.
Американскиот претседател Џо Бајден издаде извршна наредба во декември 2021 година дека владата ќе престане да купува возила на бензин до 2035 година и рече дека сите федерални набавки на лесни патнички возила треба да бидат електрични или хибридни возила.