Испитаниците пред камерата на „Трн.мк“ за анкетата „Внимание, внимание“ посакаа Дедо Мраз на земјава да ѝ подари мир, благосостојба, сите да живеат подобро, но и повеќе светлина и подобри декорации во Скопје.
Тие исто така побараа и единствено, сплотеност, подобра економска состојба, еднаквост за сите, правда и повеќе велосипедски патеки.
На прашањето што сакате Дедо Мраз да ви подари вам лично – повеќето граѓани претпочитаат здравје, некои „ништо материјално“, други пак пари, успех во студии и кариера, итн.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.