По одлуката на Европскиот совет да ги отвори пристапните преговори со Украина, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека тоа е бесмислено, бидејќи Украина не е подготвена да започне преговори.
Претседателот на Унгарија, Виктор Орбан изјави дека отворањето преговори со Украина во овие околности е погрешна одлука.
-Бевме на преговарачка маса речиси осум часа и имавме голема дискусија за членството на Украина во ЕУ. Ставот на Унгарија е јасен: Украина не е подготвена да ги започне преговорите за членство. Сосема бесмислена, ирационална и погрешна одлука е да се започнат преговори со Украина во овие околности – рече Орбан во видео пораката на социјалната мрежа Х.
-Унгарија нема да го промени ставот, но, од друга страна, 26 други членки инсистираа да се донесе оваа одлука. Затоа Унгарија реши да ги пушти тие 26 земји да одат по својот пат. Унгарија не сака да биде дел од тоа и затоа денеска не учествуваше во носењето на таа лоша одлука – рече Орбан.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави за хрватските новинари дека Орбан ја напуштил средбата кога требаше да се гласа за Украина, а од дипломатски извори се дознава дека унгарскиот премиер „отсуствувал од салата на однапред договорен и конструктивен начин. “.
Да потсетиме, Европскиот совет претходно денеска одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија.