Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Н.Е Ами Ларсон Џаин и придружната делегација.
Двајцата соговорници разговараа за квалитетната и интензивна соработка помеѓу двете земји и министерства при што од страна на министерот Оливер Спасовски беше упатена благодарност за поддршката што Владата на Кралството Шведска ни ја дава на патот кон евроинтегративниот процес, како и за континуираното зајакнување на капацитетите на полицијата од страна на шведската полиција.
Шведската амбасадорка Џаин во земјава упати благодарност за целокупните активности што Министерството за внатрешни работи ги презема во однос на одржувањето на мирот, стабилноста и безбедноста на земјава.
На средбата беше потенцирано значењето на новиот заеднички проект ,,Шведската поддршка за полициските реформи во Северна Македонија” поткрепен со финансиски поддршка на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка ,,SIDA” во времетраење од три години, кој претставува уште еден показател за заедничката успешна соработка.



