Во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија денеска во Скопје ќе се одржи втората годишна соларна конференција.
Целта е презентација на најновите технологии од соларниот сектор, дискусија за актуелни теми од енергетика, како и презентација на новите услуги кон членките на Солар Македонија.
Конференцијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Здружението, проф. д-р Илија Насов.
Излагања ќе имаат заменик-министерот за економија Зоран Маневски, претседателот на Регулаторна комисија Марко Бислимоски, Виктор Андонов, директор за развој и инвестиции и член на Управен одбор на Електрани на Северна Македонија и Кристина Хаџи-Василева, директорка на Консалтинг за стратешки развој.