(Видео) Путин призна дека има двојник

„Ова е мојот прв двојник“, рече Путин, коментирајќи на двојникот создаден од вештачка интелигенција кој му постави прашање.

РТ пренесува дека Путин вака одговорил и на прашањето „како ги коментира наводите дека има повеќе од еден двојник“.

Коментирајќи го развојот на вештачката интелигенција и прашањето на девојче дали ВИ ќе успее да ги замени нашите најблиски, вклучувајќи ја и нејзината баба, Путин одговори со насмевка.

„Никој нема да може да ја замени баба ти“, рече рускиот претседател.

Сепак, тој рече дека „не е можно да се запре развојот на вештачката интелигенција“, како и „највисоката визија“ на оваа интелигенција, која ѝ овозможува да чувствува мириси и вкусови и има способност да се развива самата.

„Тоа значи дека тогаш е неопходно да се воспостави превласт над вештачката интелигенција, односно да може да се управува со неа“, објасни тој.

Додаде дека би сакал Русија да стане еден од лидерите на ова поле во светот.

„Што ќе се случи подоцна, каква е иднината на сето тоа – никој не знае. Ова е реалноста денес. Можеме да зборуваме за ограничувања и договори меѓу различни лидери во оваа сфера за да не дојде до опасна ситуација за човештвото. Така беше и кога нуклеарната енергија се користеше за правење нуклеарна бомба, тогаш сите земји сфатија дека мора да се согласат“, рече шефот на Кремљ.

Треба да знаете
Последни објави