Средба на Спасовски со амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари средба со амбасадорката на Црна Гора , Н.Е. Марија Петровиќ на која и завршува мандатот во земјава.

На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Петровиќ за  поддршка и  соработката на нашите две пријателски земји како и на нашите две Министерството за внатрешни работи  и изрази  уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.

Во оваа прилика министерот Спасовски и врачи пригоден подарок  на амбасадорката Петровиќ во знак на благодарност за успешната соработка.   

Треба да знаете
Последни објави