С. Македонија само со уставни измени ќе ги отвора поглавјата за пристап во ЕУ

Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел пред почетокот на заедничката средба на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ во Брисел, посочи дека очекува повеќе реформи од земјите од Западен Балкан, особено во правосудството. Според него ЕУ треба да биде подготвена за проширување до 2030 година.

-Напредокот на земјите од Западен Балкан го оценуваме по заслуги. Уверен сум дека наскоро може да се преземат дополнителни чекори за нив, додаде Мишел.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, истакна дека Република Северна Македонија, Албанија и Црна Гора ќе добијат дополнителни два милиони евра од ЕУ за борба против сајбер нападите. Според него, поголема поддршка треба да добијат земјите од Западен Балкан кои ги спроведуваат одлуките на надворешната политика на ЕУ.

-Има добри аргументи да се придвижиме напред во пристапниот процес на различни земји. Процесот е врз основа на заслуги, и ова од една страна е охрабрување за кандидатките да ги направат неопходните реформи. Од друга страна, процесот за нас во ЕУ значи дека треба да признаеме ако е направен напредок од земјата- кандидатка, изјави претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

На самитот потврдено е дека отворање на поглавја со Северна Македонија е можно само ако има уставни промени.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен да ја исполни својата ЕУ агенда. Успешното завршување на скрининг процесот за земјата, според претседателот на Владата е изразена поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес.

Треба да знаете
Последни објави