Формализирана истрагата за импичмент на претседателот Бајден

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес гласаше за официјализирање на истрагата за импичментот на претседателот Џо Бајден. За одобрување на истрагата гласаа 221 претставник, против беа 212.

Домот што е под контрола на републиканците, испитува дали Бајден имал корист од  работите во странство на неговиот 53-годишен син Хантер Бајден, неколку часа откако помладиот Бајден одбил покана за сведочење зад затворени врати.

Републиканците исто така тврдат дека Бајден и неговото семејство имале корист од одлуките во кои Бајден постариот учествувал додека бил потпретседател на САД, од 2009 до 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави