Шолц: Поддршката на ЕУ за Украина би бил „многу важен сигнал“ за Киев и Москва

Консензус за одлуките во корист на Украина на самитот на Европската унија во Брисел би бил „многу важен сигнал“ за Киев и Москва, порача пред самитот на ЕУ, германскиот канцелар Олаф Шолц. Челниците на ЕУ собрани во Брисел мора едногласно да одлучат дали да ги отворат пристапните преговори со Украина и да му дадат на Киев долгорочна финансиска помош вредна до 50 милијарди евра. Унгарскиот премиер Виктор Орбан продолжи со предупредувањето дека ќе стави вето на овие одлуки, во прв ред порадди повеќегодишните конфронтации на Будимпешта со Киев поради узурпирањето на правата на унгарското малцинство во Украина, како и дека оваа земја изминатите години водеше нечесна енергетска политика кон Унгарија.

-Важно е да се испрати јасен сигнал на поддршка овде. Знак упатен до храбрите граѓани на Украина кои ја бранат својата земја. Но, сигналот е насочен и кон рускиот претседател, кој мора да знае дека не може да смета дека Европската унија и нејзините земји-членки да ја намалат поддршката за Украина, рече германскиот канцелар.

Орбан се противи и на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина за периодот до 2027 година. Со оглед на противењето на Унгарија на клучните одлуки за ЕУ, која засега има и латентна поддршка од уште неколку земји членки, се очекува овој самит да трае долго.

Треба да знаете
Последни објави