Најновата возбуда на ТикТок се врти околу еден од најпопуларните утрински пијалоци – кафето.
И има многу звучно име: „профејс“. Се разбира, како што сугерира името, тоа е протеинско кафе: про- (протеини) + -фе (од кафе). Оваа варијанта на кафе не само што е вкусна туку и идеална за оние на кои се грижат за својата форма. Како се подготвува? Многу едноставно: наместо да го мешате кафето со млеко, додадете му протеински напиток. Потоа убаво изладете го со коцки мраз.
Благодарение на кофеинот, пијалокот од ТикТок, кој воодушеви многу корисници на оваа социјална мрежа, ве буди и воедно дава енергија благодарение на протеинскиот додаток.
Можете да изберете протеински пијалоци според вашите потреби и желби: со вкус на какао, кокос, банана…
По желба во напитокот можете да го додадете засладувачот што го користите или малку млеко за кафе.