Александар Васовски повеќе не е тренер на најтрофејниот македонски фудбалски прволигаш Вардар. Оваа информација денеска ја обелодени Васовски преку социјалните мрежи. -Кога дојдов ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри, но очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање се повлекувам од тренерското место во Вардар. На клубот му посакувам се најдобро во иднина, напиша меѓу другото сега веќе поранешниот тренер на „црвено-црните“.
Васовски на клупата на вардарци седна на крајот од август, по заминувањето на Бобан Грнчаров. Вардар на крајот од есенскиот дел е последнопласира со 17 бода исто колку и претпоследната Брегалница.