Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе се обратат на настан по повод доделувањето на договори на земјоделците за новата мерка „Бизнис план во земјоделството“.
На настанот, како што соопшти владината прес – служба, премиерот Ковачевски, министерот Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и државниот секретар на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Реџаил Исмаили ќе доделат договори на земјоделците корисници на поддршката во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник.