Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е подготвен да го продолжи дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин.
„Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и е подготвен да го обнови дијалогот што ќе овозможи постигнување долгорочен мир во Украина во согласност со меѓународното право, Франција секогаш ќе биде сила што ќе ја докажува својата поддршка“, рече Макрон запрашан од новинарите за обновувањето на дијалогот со рускиот претседател, на прес-конференцијата по самитот на ЕУ во Брисел.
Мекрон додаде дека нема да штеди напор за да постигне резултат.
Претходно Путин изјави дека Русија е подготвена да ја продолжи интеракцијата со Франција, како и дека имал добра соработка со Макрон, но дека францускиот претседател ја прекинал.