Најмалку 515 лица се повредени при судирот на два воза во метрото во Пекинг, од кои 102 патници имаат скршени коски, објавија денеска кинеските државни медиуми, повикувајќи се на официјални извори.
Надлежните денеска соопштија дека 25 патници се уште се под надзор, а 67 се хоспитализирани.
Несреќата се случила синоќа, за време на шпицот, на силно завеан површински дел од линијата на метрото во ридскиот дел на Пекинг.
Возот, кој се движел на надолнина автоматски кочел поради снегот на шините, а на него од позади налетал друг воз кој се излизгал и не успеал да запре, соопшти градската транспортна управа.
Од завчера во Пекинг паѓа невообичаено големо количество снег, а сообраќајот се одвива отежнато.